Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ на интересен начин одлучи да му честита на неговиот некогашен соиграч од времето на Олимпијаков, Василис Спанулис, кој по дваесетина години играчка кариера конечно се одлучи да се пензионира.
Антиќ објави заедничка фотографија на која искоментира, „Ти честитам на фантастичната кариера ќелав“, алудирајќи на фризурата на Спанулис.