Предн стартот на првиот меч од елиминационата фаза на тековното ЕУРО, помеѓу селекциите на Велс и Данска, капитенот на Велшаните, Герет Бејл му подари на ривалот прекрасен подарок.
Дрес на репрезентацијата на Велс, со името на Кристијан Ериксен и потписи на сите репрезетативци.
Светската јавност остана во шок откако Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен на првиот меч за својот национален тим на овој турнир, против Финска, колабираше на теренот и беше итно пренесен во болница. Неговата здравствена ситуација се подобрува од ден на ден.