По Денис Тот, Градимир Чаневски и Саша Пулјизовиќ, Бутел Скопје го донесе и четвртото засилување за следната сезона.
Станува збор за Кристијан Давитковски, кој има 25 години (188/95) и настапува на десната бековска позиција.
“Решив да ја прифатам понудата на Бутел Скопје затоа што станува збор за амбициозен, перспективен клуб, со големи амбиции за играње во Европа следната сезона. Сметам дека можам да помогнам во остварувањето на тие амбиции. Поголемиот дел од играчите со кои ќе настапувам во Бутел Скопје ги знам и имам играно со нив во различни клубови, па нема да ми тешко да се адаптирам. Знам дека има одлична хемија и другарство во клубот, изјави Давитковски.
Давитковски ја започна кариерата во Металург, а потоа беше дел од Вардар, Борец и Пролет.