Каланоски и Мирчевски први новитети на Академија Пандев, Бразилец во шпицот на нападот

2461

Антониот Каланоски односно Мартин Мирчевски ќе бидат првите летни засилувања за тимот на Академија Пандев. Спортмедиа дознава дека искусниот офанзивец веќе рекол „ДА“ на понудата на Струмичани и ќе се појави на првата прозивка на тренерот Александар Васоски.

Исто така и Мичевски кој досега беше дел од тимот на Вардар веќе е договорен да се пресели во Струмица.

Од друга страна пак, дел од заминувањата летово, ќе бидат пополнети и со Бразилец кој би требало исто така да се појави на првиот тренинг на Академија Пандев, и кои би требало да биде засилување во нападот.

 

ПретходноРоберт Коцев е следното засилување за Тиквеш
СледноВелс со посебен дрес Кристијан Ериксен пред мечот со Данска