Кунде има понуда од Тотенхем, но тој сака во Реал Мадрид

321

Стоперот на Севиља, Жил Кунде, признал дека ќе го чека до крај Реал Мадрид, за можноста да се пресели во овој тим.

Кунде, кој е со француската селекција на ЕУРО 2020, на своите соиграчи Мбапе и Бензема им кажал дека има желба да го облече дресот на Реал Мадрид.

„Кралевите“, пак, би можеле да тргнат по Кунде, доколку Варан потпише за Манчестер Јунајтед, а можноста за такво нешто е реална. Па така веројатно Кунде ќе чека до крај понуда од „кралевите“.

И Челзи се интересира за францускиот стопер.

ПретходноЈаја Туре стана тренер: Првите тренинзи со Ахмат Грозни (ФОТО)
СледноГН на Австрија: Пол позиција за Верстапен, Хамилтон ќе стартува како втор