Легендарниот грчки кошаркар Василис Спанулис, ја заврши кариерата и тоа официјално го соопшти на „Инстаграм“.
„Пред одреден период на претседателите на Олимпијакос им кажав дека е време да го завршам ова поглавје од животот, и дека ќе им се заблагодарам за се што постигнавме заедно. Беше тешка одлука, но не беше тажна“, напиша Спанулис.
Спанулис има 38 години, а дури 11 сезони мина во дресот на Олимпијакос. Два пати беше шампион на Европа 2012 и 2013 година. Спанулис беше првак на Европа и со Панатинаикос. Неговиот трансфер во Олимпијакос ја потресе тогаш цела Европа.
Со грчката репрезентација стана шампион на Европа во 2005 година.