Лорис Кариус, голманот кој беше „кобен“ за Ливерпул во финалето во ЛШ во 2019 година, со кои „црвените“ го загубија пехарот, поминува низ најтешкиот период во својата кариера.
Тој не е во плановите на Ливерпул, па така англискиот тим сака да го даде. Тој беше на позајмици во Бешикташ и во Унион Берлин, а сега Ливерпул не смета на него.
Па така се обиде да го даде на позајмица во Бохум и Стоук, но двата тима одбија таква можност. Се шпекулира дека неколку клуба од Азија се интересираат за него.
Со Ливерпул има договор до 2022 година.