Милевски после дебито може да биде прв во квалификациската група за СП 2022!

4566

Од вчера и официјално Македонија има нов селектор на најдобрата фудбалска репрезентација. По 5,5 години Игор Ангеловски не е веќе селектор, од 1 август него ќе го наследи Благоја Милевски, досегашниот селектор на У-21 селекцијата на Македонија.

Милевски уште на почетокот на септември ќе го има своето деби како предводник на “рисовите“. Имено за нешто повеќе од два месеци нашата репрезентација ја очекуваат три меча во квалификациите за СП 2022 во Катар, и тоа во групата Ј.

Прво играме на 2 септември дома и тоа со Ерменија, тоа ќе биде дерби на тоа 4.коло зошто играат првиот и вториот тим на табелата. Потоа и гостуваме на селекцијата на Исланд три дена подоцна, за да на 8 септември овој циклус го завршуваме со Романија на Арената “Тодор Проески“.

Во случај на победа над Ерменија, Македонија после 4.коло ќе биде првопласирана во групата Ј, а ако оствариме добри резултати, на пример освоиме 7-9 бодови, во септемврискиот циклус тогаш и дефинитивно влегуваме во “игра“ за пласман на Мундијалот во Катар.

Инаку по 3.коло табелата во групата Ј изгледа вака: 1. Ерменија 9 бодови, 2.Македонија 6, 3. Германија 6, 4. Романија 3, 5. Исланд 3, 6. Лихтенштајн 0.

ПретходноИзненадувачки: Мо Фарах не обезбеди норма за ЛОИ во Токио
СледноИлиески им кажа “ДА“ на Ренова, Тиквеш и Струга ТЛ, а ќе потпише за Копер!