Македонија од 10 јули ќе биде домаќин на ЕХФ шампионатот во младинска конкуренција за ракометарки до 19 години. На турнирот ќе настапат 9 селекции, кои ќе бидат поделени во две групи.
Репрезентацијата на Македонија ќе биде дел од групата „Б“, каде се сместени и селекциите на БиХ, Холандија, Фарските Острови и Косово. Првиот меч за избраничките на Љубомир Савевски ќе биде против Босна и Херцеговина на 10 јули.
На 12 јули, Македонија силите ќе ги одмери со репрезентацијата на Фарски Острови, додека на 14 јули со Холандија. Последниот натпревар ќе го одиграме против Косово на 15 јули.