Младиот атлетичар Абдалелах Харун (24), загинал во сообраќајка несреќа, соопшти олимпискиот комитет на Катар.
Трагично загинатиот Харун е освојувач на бронзен медал во трката на 400 метри на Светското првенство во атлетика 2017 година.
Во кариерата освоил две злата на Азиските игри во 2018 година.
Харун е роден во Судан, и трчал 49 секунди во својата прва трка на 400 метри со 16 години.