Познатиот британски атлетичар, Мо Фарах на митингот во Манчестер не успеа да ја исполни нормата за настап на ЛОИ во Токио.
Тој на теката на 10.000 метри оствари време од 27:47 минути или 20 секунди зад олимписката норма.
Фарах кој е роден во Сомалија доминираше во ОИ во Лондо 2012 и 2016, на игрите има освоно четири златни медали на 5.000 и 10.000 метри.
„Не знам што да мислам ниту што ќе биде следно. Ако не можам да се натпреварувам со најдобрите, зошто е оваа цела мака?“, изјави Фарах кој во последните години имаше проблем со повредите.