Нето си замина од Пелистер и отиде кај Гудиаби во Кешла

726

Од Пелистер си заминаа неколку играчи ова лето, а меѓу нив и странците. Омар Гудиаби ќе ја продолжи својата кариера во азербејџанскиот прволигаш Кешла, а во истиот клуб  му се приклучи и португалскиот напаѓач Алдаир Нето.

Нето кој е роден во Ангола но има португалско државјанство, беше дел тимот на Пелистер минатата сезона, но и тој реши да не остане во Битола туку да си побара друг клуб. А и тој ги задоволил челниците на Кешла кои решиле да го ангажираат. Тој потпиша едногодишен договор.

Инаку, Кешла е новото име на Интер Баку, двоен шампион на Азербејџан.

ПретходноДанило Брестовац ќе работи во Мудхар од Саудиска Арабија
СледноВАР ја спаси Италија на дуелот со Австрија (видео)