Обрадовиќ прави супер-тим: Доаѓаат Калиниќ, Радуљица, Јовиќ…

4262

Фановите на КК Партизан се во екстаза. Најдобриот тренер во Европа, најтрофејниот во Евролигата со 9 титули, во наредните три сезони ќе ги предводи “црно – белите“. Секако дека ќе биде премногу оптимистички да се каже дека веднаш ќе ја нападне Евролигата, инаку Партизан беше првак на Европа во 1992 токму сио Жељко, но сепак како што се шпекулира во медиумите во Србија, Обрадовиќ ќе има и тоа како супер тим.

Се шекулира дека Партизан со Обрадовиќ ќе нема поголеми проблеми да привлече екстра кошаркари, па така први на списокот кои би можеле да дојдат се Никола Калиниќ, Вања Маринковиќ, Мирослав Радуљица, Драган Милосављевиќ, Стефан Јовиќ…се се тоа актуелни или некогашни репрезентативци на Србија.

Со добар буџет и со Жељко на клупата, се чини дека Партизан ќе го прекине владеењето на Ц. Звезда во Србија, но и во АБА лигата, барем за почеток.

ПретходноИлиески им кажа “ДА“ на Ренова, Тиквеш и Струга ТЛ, а ќе потпише за Копер!
СледноФилип Петковски потпиша за Тира Персикабо од Индонезија!