Рамос донел одлука, наскоро ќе пристигне на лекарски прегледи

1393

Серхио Рамос после 16 години го напушта Реал Мадрид. Искусниот фудбалер во кралскиот тим дојде во 2005 година од редовите на Севиља за речиси 30 милиони евра, ова се покажа како еден од најдобрите трансфери на овој клуб.

Рамос беше стандарден во Реал Мадрид, се очекуваше кариерата да ја заврши токму во овој тим, но тоа нема да се случи. Раководството на “кралевите“ не ги исполни неговите барања, па тој како слободен играч ќе го напушти овој тим.

Иако се наоѓа на крајот на својата кариера, сепак за него не е проблем да најде нова средина. Веќе неколку звучни имиња се заинтересирани за него, а тој на почетокот на јули треба да ја донесе конечната одлука.

Шпанските медиуми откриваат дека ПСЖ ќе биде новиот тим. Челниците на францускиот клуб се подготвени да му ги исполнат барања, тој ќе зема плата од 12 милиони евра годишно, ќе стави потпис на двегодишен договор.

 

ПретходноЏејсон Кид на кормилото на Далас
Следно„Летаа пердуви“, Милвоки изедначи на 1-1 (ВИДЕО)