Роберт Коцев е следното засилување за Тиквеш

1750

Екипата на Тиквеш веќе неколку дена како се подготвува за новата сезона, засега во домнашни услови.

Екипата се комплетира, доведен е Дарко Тофилоски, како и Иван Ивановски кои се првите официјални новитети.

Има неколку домашни играчи како и странци кои се дел од екипата и кои тренираат, но сеуште не обезбедиле место во ростерот, а Спортмедиа дознава дека пак во него дефинитивно за следната сезона ќе има место за Роберт Коцев.

Досегашниот играч на Борец се сели во Кавадарци и ќе биде уште една опција за тренерот Пане Блажевски во средината на теренот.

 

ПретходноДавитковски ново засилување на Бутел Скопје
СледноКаланоски и Мирчевски први новитети на Академија Пандев, Бразилец во шпицот на нападот