Кристијано Роналдо си има проблеми. Имено никој не сака да му го купи апартманот во Њујорк, иако мега – ѕвездата го продава далеку под цената. Се коментира дека за тоа виновен е досегашниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој е газда на зградата во која се наоѓа апартманот на Роналдо, и дека никој не сака да купува станови од контроверзниот Трамп.
Па така Роналдо е сега во “минус“ од 11 милиони долари, иако таа сума може да биде многу поголема.
Имено во 2015 година тој го купи апартманот за 18,5 милиони долари, а сега го продава за 7,8, но и за оваа сума апартманот, кој е на прекрасно место, никој не сака да го купи. Оваа некретнина воодушевува со својот луксуз, подот е со мермер, ентериерот го “потпишуваат“ најпознатите светски модни дизајнери, а погледот е кон Менхетен и Централ парк. Идеално место за Роналдо кој многу ретко престојувал во него.