Искусниот напаѓач Филип Петковски (31) својата кариера ќе ја продолжи во Индонезија. Она што го најавивме пред неколку дена, сега и се потврди. Довчерашниот вардарец потпиша за тимот на Тира Персикабо, клуб кој се натпреварува во елитната лига на Индонезија.
Петковски имаше понуда од новото раководство на Вардар да остане во клубот, но сепак тој се реши да го прифати предизвикот и да одлета во длечната Индонезија.
Инаку Петковски досега во својата кариера има играно за екипите на Работнички, Тиквеш, Тетекс, Хоризонт Т, Вардар, Шкупи, А. Пандев, Ренова, Скопје.