Џенова „притиска“ за Висар Муслиу, Мол Види бара 4 милиони евра

5635

Водечките луѓе на Џенова, пред неколку дена изјавија дека еден од приоритетите ова лето секако ќе биде задржувањето на Горан Пандев, како активен фудбалер, но објавија и дека на радарот им е уште еден Македонски интернационалец.

Спортмедиа ексклузивно дознава дека се работи за Висар Муслиу, кој одигра добро ЕУРО за нашиот состав. Стоперот во моментов е дел од тимот на Мол Види, а Спортмедиа дознава дека ушравата на овој клуб, сака да ја искористи оваа ситуација и добро да наплати од жалбата на Џенова да го ангажира нашиот репрезентативец.
Се работи за сума од 4 милиони евра, а дали Џенова ќе се согласи на вакво нешто останува да видиме.

Сепак, Џенова според нашите информации не е единствениот Европски великан кој е заинтересиран за Муслиу. Шпански Бетис, односно Кардиф исто така во бележникот го имаат дефанзивецот и ја испитуваат ситуацијата како и под кои услови би дошле до него.

Муслиу во моментов има 26. години и е стандарден сениорски репрезентативец на Македонија. Има солидно искуство и е во пикот на својата кариера, па и не треба да изненади интересот од клуб, кој е на така високо фудбалско ниво.

 

ПретходноПепи Ѓоргиев нов играч на Теута Драч
СледноДавитковски ново засилување на Бутел Скопје