Бејл: Вториот нивен гол нѐ уништи

264

Најдобриот велшки играч Герет Бејл е разочаран од елиминацијата на Велс од Данска на ЕУРО 2020. Данците победија со 4:0, а играчот на Реал Мадрид се пожали до судиите при вториот гол во кој смета дека имало фаул врз него. Место да ја прекине играта судијата дозволи да се игра по кој Каспер Долберг го постигна вториот гол за Данците.

Имаше чист фаул врз мене во таа ситуација. Судиите мораа да покажат фаул“, го изрази незадоволството Бејл.

Се надевавме на поинаков резултат, но игравме добро само во првите 20-25 минути. Нештата се сменија кога го примивме првиот гол. Излеговме во второто полувреме со големи очекувања, но брзиот гол на Данска нѐ уништи. А тоа како го завршивме мечот беше разочарувачки. Не бараме алиби. Разочаравме, разочарувачки е резултатот и тоа е се што можам да кажам во моментов“, изјави Бејл.

ПретходноМедведев победник во Мајорка
Следно„Цената на ова момче е 30 милиони, но набрзо ќе достигне 40 милиони евра“