Макс Верстапен, возачот на Ред Бул, ќе тргне од првата позиција на утрешната ГН на Австрија. Ова беше познато по квалификациите кои се одржаа денеска.
Зад него ќе тргне Луис Хамилтон, со оглед дека денеска второпласираниот Валтери Ботас има казна од три позиции.
Ботас ќе тргне како петти, а пред него ќе бидат Ландо Норис и Серхио Перез. Возачите на Ферари беа лоши. Леклер ќе тргне од позицијата број 7, а Саинц од 12. место.