Дејвис куп: Ивановски и Србљак фуриозни, Македонија со 2:0 води против Молдавија!

328

Одлична игра и голема победа на 17-годишниот Калин Иваноски на првиот меч од дуелот со Молдавија, во рамките на 4.коло во Дејвис купот. Иваноски со 2:0 во сетови и 6:1 и 6:1 го победи Александар Козбинов за водство на Македонија од 1:0.

Предмалку заврши во вториот меч, и во тој нашиот тенисер со 2:0 го победи својот противник од Молдавија. Горан Србљак со 6:1 и 6:0 го победи Максим Казак во гемови, па така сега Македонија води со 2:0 против Молдавија, останува да се игра и мечот во двојки, но и без тој практично Македонија слави победа.

Интересно е тоа што Ивановски на АТП листата е 1474 место, додека Молдавецот кој има 26 години се наоѓа на 667 место.

Да потсетиме дека по двете стартни победи, со Косово и Андора со по 3:0, потоа и поразот од Сан Марино, нашите тенисери кои се натпреваруваат во 4 зона во Дејвис купот, а турнирот се одржува во Скопје, денеска Македонија беше подобра од Молдавија.

ПретходноПочнува осминафиналето на Еуро 2020: Данска и Италија големи фаворити, Велс и Австрија чекаат шанса
СледноМарка: Ливерпул и официјално испратил барање до ПСЖ за трансфер на Мбапе