Антониот Каланоски односно Мартин Мирчевски ќе бидат првите летни засилувања за тимот на Академија Пандев. Спортмедиа дознава дека искусниот офанзивец веќе рекол „ДА“ на понудата на Струмичани и ќе се појави на првата прозивка на тренерот Александар Васоски.
Исто така и Мичевски кој досега беше дел од тимот на Вардар веќе е договорен да се пресели во Струмица.
Од друга страна пак, дел од заминувањата летово, ќе бидат пополнети и со Бразилец кој би требало исто така да се појави на првиот тренинг на Академија Пандев, и кои би требало да биде засилување во нападот.