Горан Пандев, иконата на спортска и фудбалска Македонија е респектирн и почитуван од медиумите во Европа. Па така престижната шпанска “Марка“ го смести Гранде меѓу најголемите ѕвезди во досегашниот дел од ЕУРО 2020.
Покрај Пандев тука се и Рахим Стерлинг (Англија), Били Гилмор (Шкотска), Патрик Шик (Чешка), Дензел Дамфрис (Холандија), Џоел Похјанпало (Финска), Мануел Локатели (Италија). Микел Дамсгард (Данска), Ромелу Лукаку (Белгија), Емил Форсберг (Шведска), Давид Алаба (Австрија), Робин Госенс (Германија), Атила Шалаи (Унгарија), Џорџињо Вајналдум (Холандија), Лука Модриќ (Хрватска) и Кристијано Роналдо (Портигалија).
Секако дека нашиот Пандев е во убаво и одбрано друштво.
Во образложението зошто Гранде е одбран, “Марка“ образложува дека иако репрезентацијата на Македонија била дебитант тој оставил печат на ЕП.Со неговиот гол против Австрија, станал втор највозрасен стрелец во историјата на Европските првенства.