Летот на репрезентацијата на Чешка за натпреварот од 1/8-финалето на Европското првенство против репрезентацијата на Холандија кој е закажан за утре во Амстердам беше одложен поради случајно надуена гумена скала за итни случаи.
„Јас веќе доживеав одложувања на летови, презакажувања, па дури и откажани летови поради коронавирус. Но, да не летам поради случајно надуена гумена скала – ова е прв пат“, напиша чешкиот репрезентативец Алекс Крал на „Твитер“.
Zažil jsem zpoždění letu, přesunutí také, dokonce i zrušení kvůli korona viru. Ale neodletět kvůli omylem nafouknuté skluzavce, to je poprvé 🎢😅🤙🏽 #ceskarepre #EURO #SkluzavkyASkákacíHrady pic.twitter.com/ZTaE9eNROX
— Alex Král (@alexkralcz) June 26, 2021