Дешамп останал заклучен на терасата од хотелот во Букурешт, па викал за помош! (ВИДЕО)

661

Францускиот селектор Дидие Дешамп имал неочекувана и непријатна ситуација за време на престојот во хотелот во Букурешт.

Како што јавија француските медиуми, Дешамп останал заклучен на терасата од хотелот каде што престојува репрезентацијата на Франција, која во понеделник ќе игра против Швајцарија во Букурешт во осминафиналето на еуро 2020.

Дешамп останал без магнетната картичка и не можел да се врати во својата соба. Тој мораше да ги повика навивачите кои беа пред хотелот, и тие му помогнаа пријавувајќи на рецепцијатата, па Дешамп на крајот беше „ослободен“.

ПретходноИџе заврши 6-ти на првата трка на “Валелунга“!
СледноЕнрико, па Федерико: Семејството Киеза испиша историја на Еуро