Италијанците урнаа светски рекорд стар 47 години

663

Италијанците се измачија против Австрија во осминафиналето но победија со 2:1 во продолженијата. Го примија првиот гол на ова првенство откако целата групна фаза ја сочуваа мрежата, исто така не примија погодок во регуларните 90 минути од мечот со Австријците, а го примија во 116. минута од натпреварот кога Калајџиќ го глава го совлада Донарума.

Сепак, Италијанците урнаа светски рекорд стар 47 години!

Се работи за рекордот за најдолго време (минути) без примен гол кога се во прашање репрезентациите. Тој рекорд исто така го држеше Италија со легендарниот Дино Ѕоф од 1972. до 1974. година. Точно 1143 минути.

Исто така Италија не е поразена во 31 натпревар со што го урнаа претходниот сопствен рекорд од 1939 година. Инаку, апсолутниот рекорд во оваа категорија го држат Бразил (1993-96) и Шпанија (2007-09) со 35 меча без пораз.

Претходно„Сонцата“ на чекор до првото финале после 1993 година (видео)
СледноАнсу Фати подготвен за следната сезона