Серена Вилијамс нема да настапи на Летните Олимписки Игри во Токио. Една од најдобрите тенисерки својата потенцира дека има многу причини за ваквата одлука, но истите нема да ги открие веднаш, тоа ќе го стори кога ќе мисли дека е вистинско време.
„Прво не бев на списокот за ЛОИ, но и да се најдев немаше да одам. Постојат многу причини за ваквата одлука. Не можам сега да ги кажам, но некој друг ден ќе ви кажам се“, рече Серена.
Игрите во Токио почнуваат на 23. јули, тенискиот турнир е закажан за ден подоцна, додека финалето се игра на 1. август.