Денеска се игра решавачките натпревари во регионалните германски лиги за промоција во повисок ранг. Меѓу нив е и Ратинген каде тренер е Ацо Јоновски, а играч е Филип Лазаров. Денеска тие ќе го играат клучниот меч за промоција од четвртата во третата германска лига против вториот тим на Есен.
Македонските репрезентативци Филип Миркуловски, Филип Кузмановски и Гоце Георгиевски им испратија порака со поддршка за своите колеги во борбата за место во повисок ранг.