Љавдрим Фазлиу (21) е новото засилување во таборот на Македонија ЃП. Младиот офанзивец, досегашен член на Пелистер, се реши својата кариера да ја продолжи меѓу “лавовите“. Инаку Фазлиу е “дете“ на Работнички, таму и заигра во ПМФЛ, но во јануари минатата година се одлучи да замине во Пелистер каде беше изминатите 18 месеци.
Со Фазлиу во нападот, или офанзивниот дел за врска, стратегот на Македонија ЃП, Александар Таневски секако дека ќе има опција повеќе за стартниот тим.
Значи продолжува “бежанијата“ од Пелистер, Фазлиу е еден од оние играчи кои ова лето побегнаа од битолската фудбалска гордост, каде моменталната ситуација е навистина лоша.