Бејл: Никогаш нема да се откажам од настапите за Велс, барем додека играм фудбал активно

228

Герет Бејл вети дека никогаш нема да го напушти Велс, барем се додека игра активно фудбал. Во интервју по поразот од Данска вчера, напаѓачот вели дека засега не размислува да замине во репрезентативна пензија.

Бејл, кому му недостасуваат четири настапи за да стане само вториот Велшанец кој имал над 100 настапи во националниот тим, по поразот од Данска сугерираше дека сака да ја продолжи својата меѓународна кариера.

„Сакам да продолжам да играм. Луѓето поставуваат глупави прашања цело време, но нели е очигледно дека обожувам да играм за Велс. Ќе играм за Велс до денот кога ќе престанам да играм фудбал”, дециден е фудбалерот на Реал (М).

ПретходноБудимпешта „гори“ десетици илјади Холанѓани ќе ги бодрат „Лалињата“ (ВИДЕО)
СледноБрегалница од утре во Пехчево, првиот тест со Борец