Де Бур: Ми треба време да одлучам што понатаму

755

Франк Де Бур, холандскиот селектор по поразот од Чешка, на прес-конференцијата зборуваше за натпреварот, како и за својата иднина.

Јавноста бара негова оставка, затоа што испаднал поради неговата тврдоглавост да не ја смени формацијата и да игра со 5-3-2.

„За една минута се смени се. Игравме добро, и црвениот картон ги смени работите“, изјави Де Бур.

Го прашаа за неговата иднина, односно дали ќе поднесе оставка, по што кажа:

„Треба да размислам, рано е сега да зборувам. Прво ќе се сретнам со челниците на федерацијата да видиме што понатаму“, рече холандскиот селектор.

ПретходноХеројот на Чешка за 1/4 финалето во Баку: Која глава ги измисли овие патувања?
СледноБелгија со еден директен шут го елиминираа европскиот првак Португалија (ВИДЕО)