Зарате го засили Борец, дојде и Талески

1524

Гонзало Зарате, аргентински интернационалец и играч од нападот, е нов играч на велешки Борец. Зарате има 26 години, и доаѓа од тимот на Атлетико Хувентуд.

Ново засилување за тимот од Велес е и Алекс Талески. Талески е австралиски фудбалер со македонско потекло кој беше во младите категории на Вардар, а тренираше и со првиот тим. Потоа потпиша за вториот тим на Плзен, а последен клуб му беше Даендонг Сити.

Во Велес претходно дојдоа Ристе Каракамишев, Кристијан Николовски, Александар Ѓорѓиески, Енсар Љума и Стефан Јакимовски.

ПретходноЧешка херојски до четвртфинале на ЕУРО (ВИДЕО)
СледноШалке на шеговит начин го покани Бејл да дојде во тимот