Италијанците навиваат за Португалија: Полесно ќе се справиме со Роналдо

164

Италија обезбеди пласман во четвртфиналето на ЕУРО, откако по продолжетоци ја совлада Австрија со 2-1. Оваа репрезентација за противник во следната рунда ќе го има подобриот од Белгија и Португалија.

Ако се прашува Ачерби, тој би ја одбрал Португалија. Според него подобро ќе се снајдат против Кристијано Роналдо, откако против Ромелу Лукаку.

„Лукаку е комплетен играч, исто како и Роналдо постојано постигнува голови. Како напаѓачи потешко е да се чува Лукаку, тој е физички посилен, има посилен шут и е класичен напаѓач.

Роналдо е класичен стрелец, но полесно е да се чува него отколку Лукаку“, изјави 33-годишниот фудбалер на Италија. 

ПретходноСерена Вилијамс се откажа од ЛОИ во Токио
СледноИџе не ја заврши втората трка на “Валелунга“