На Шкендија нема да и биде лесно: Партизан едвај се спаси против Мура!

2520

Шкендија, првакот на Македонија во првото квалификациско коло во Лигата на Шампионите за ривал го има шампионот на Словенија, составот на Мура. На прв поглед тетовци не би требало да имаат проблеми со тимот од Мурска Собота, но дали е баш така. Имено по вчерашното издание на пријателската средба на Мура со Партизан, се чини дека и тоа како Шкендија ќе си има проблеми. Имено на вчерашниот пријателски натпревар одигран во Словенија, Мура во целост го надигра српскиот гигант и еден од најдобрите клубови на овие простори. Водеше и со 2:0 со головите на Бобичанец и Хорват, но сепак белградските “црно – бели“ се спасија од пораз и тоа со головите на Јовиќ, вториот во самиот финиш на средбата и тоа за конечни 2:2.

Тетовци пак завчера во Охрид славеа победа до 2:1 во пријателската средба со Лачи, ова беше втора победа во третиот пријателски меч ова лето.

Да потсетиме дека првиот меч меѓу Шкендија и Мура се игра на 6 јули во Скопје на Арената “Тодор Проески“.

ФОТО: NK Mura twitter

ПретходноЈоновски и Лазаров добија поддршка од македонските репрезентативци (видео)
СледноЉавдрим Фазлиу ново име меѓу “лавовите“!