Се чека уште “виза“ од Советот на Општината па Пелистер ќе има нов газда!

2768

Она што Спортмедиа го најави уште пред неколку денови, во текот на претстојната седмица по се изгледа дека и дефинитивно ќе се оствари. Имено како што велат нашите информации, фирма од Шпанија, зад која како посредник стои една наша позната фудбалска фаца, се договорила со УО на клубот за откуп на 75% од акциите на ФК Пелистер. Сега останува само уште Советот на Општината Битола да даде согласност и клубот да биде управуван од нов газда. Да потсетиме дека во последните 2-3 години со клубот раководеше Пеце Стојчевски, познат бизнисмен од Битола.

Инаку без согласност на Општината, која е акционер со 25% од акциите на клубот целата оваа работа, или намера за купопродажба може да пропадне. Но насоките се и на двете страни, ова да успее уште во текот на следните неколку денови,како би новото раководство на ФК Пелистер имало доволно време да го подготви и екипира тимот. Имено познато е дека сега засега ФК Пелистер всушност и да нема играчи, сите си заминаа.

ПретходноЕнрико, па Федерико: Семејството Киеза испиша историја на Еуро
СледноМото ГП: Квартараро најбрз во Асен!