Столе Димитриевски, голманот на нашата репрезентација кој на ЕУРО бранеше во фантастична форма, барем според пишувањето на медиумите во Шпанија, по пауза од пет години би можел да се врати во Гранада. Каде што беше од 2014 до 2016.
Иако со Рајо Ваљекано, нашиот голма има важечки догово, и иако тимот во наредната сезона ќе брани во Ла Лига, се чини дека тешко сегашниот тим би можел да го задржи.
По ЕП цената на Димитриевски драматично порасна, па така сега неколку клубови се заинтересирани да го водат во своите редови, сепак Гранада била во пол – позиција.