ФОТО: Принтскрин/Твитер
Ѕвездата во подем во американската атлетика, Габи Томас постави второ најбрзо време на 200 метри во историјата за време на квалификациите за Олимписките игри во Јуџин, Орегон. 24-годишната студентка на Харвард победи на трката со време 21,61 секунди што не е само најдобро оваа сезона, туку и второ најбрзо време во историјата во оваа дисциплина.
Рекордот го држи Флоренс Грифит-Џојнер која постави време 21,34 секунди на Олимписките игри во 1988 година.