Томовски со пораз ја заврши „епизодата“ во Бундес-лига

153

Бундес-лигата конечно ја спушти завесата, денеска се одигра комплетното 38. коло. Двајца од вкупно четворица македонски репрезентативци сезоната ја завршија со победа.

Мартин Томовски со пораз се збогува со Лудвигсхафен. На последниот меч на голот, неговиот тим беше совладан на домашен терен од Гопинген со (13-13). Томовски дуелот го заврши со десет интервенции. Лудвигсхафен од следната сезона се сели во вториот ранг, додека Томовски ќе застане на голот на Вардар.

Филип Муркуловски и Вецлар немаа проблем против Минден, ја оправдаа фаворитската улога, беа подобри со 28-25. Миркуловски мечот го заврши со два гола од исто толку обиди.

На цели бодови се радуваше Филип Кузмановски. Хановер го совлада Лајпциг со 31-28 на домашен терен, а македонскиот репрезентативец не се запиша во листата на стрелци, имаше еден неуспешен обид.

Жарко Пешевски и Штутгарт се спасија од пораз, одиграа без победник против Мелсунген (26-26). Репрезентативниот пикер запиша три гола од четири обиди.

Шампионската титула ја зема Кил, кој по голема драма успеа да освои бод против Рајн Некар.

ПретходноЧетворица вардарци во идеалниот тим на 1/8 финалето во СЕХА (ВИДЕО)
СледноБудимпешта „гори“ десетици илјади Холанѓани ќе ги бодрат „Лалињата“ (ВИДЕО)