Дури четворица ракометари на Вардар 1961 се најдоа во идеалниот тим за осминафиналните средби во СЕХА-лига.
Македонскиот претставник за противник го имаше тимот на Металопластика, и од двете средби излезе како победник.
Во идеалниот тим се најдоа Марко Кизиќ, кој беше феноменален на голот на Вардар, собра 16 одбрани на вториот меч. СЕХА во овој избор ги смести Тимур Дибиров и Иван Чупиќ, заедно постигнаа 22 гола. Ловро Јотиќ е последниот играч кој се најде во „Дрим тимот“.
Покрај четворицата вардарци, за најдобри лев и десен бек се прогласени Оливер Рабек и Гиљерме Линарес од Татран Прешов, а најдобар пивот Лука Роган од Војводина.