Чешка херојски до четвртфинале на ЕУРО (ВИДЕО)

539

Репрезентацијата на Чешка одигра фантастичен меч во рамките од осминафиналната фаза од ЕУРО и го совлада фаворизираниот соатав на Холандија со конечни 2:0 на преполниот стадион во Будимпешта.

И покрај тоа што на Чесите малку кој им  даваше шанса во овој дуел, тоа нив очигледно само ги мотивираше па му одржаа вистинска фудбалска лекција на противникот.

Клучниот момент на мечот се случи на стартот од вториот дел кога Матијас Де Лихт играше намерно со рака пред својот шеснаесетник и нормално за тоа доби исклучување, а потоа Чешка тотално издоминира. Поведе преку Холес, а Шик само ја запечати судбината на Холанѓаните.

ПретходноУнгарците не дозволија знамиња со „виножито“ на Холандија – Чешка
СледноЗарате го засили Борец, дојде и Талески