Шок за Хрватите: Перишиќ е позитивен на Ковид-19

225

Хрватскиот фудбалски сојуз соопшти дека Иван Перишиќ е позитивен на коронавирусот Ковид-19 и ќе го пропушти осминафиналниот меч против Шпанија. Еден од најдобрите хрватски репрезентативци е ставен во самоизолација 10 дена и во тој период нема да конкурира за натпреварите на Хрватска.

Останатите фудбалери, членови на стручниот штаб и делегацијата се негативни на задолжителните тестови пред мечот од осминафиналето кој се игра утре во Копенхаген.

Претходно„Аѕурите“ во продолженијата ја елиминираа Австрија и „чекираа“ четвртфинале на ЕП (видео)
Следно„Сонцата“ на чекор до првото финале после 1993 година (видео)