Карамбол на првата етапа од овогодишната велосипедска трка Тур де Франс. Масивно паѓање на велосипедисти го предизвика една гледачка која со транспарент во раката се дрзна да излезе на патеката и да се фотографира.
Велосипедистот што беше најблиску до неа не можеше да ја избегне, ја удри, а потоа и останатите велосипедисти кои беа во пелотонот испопаѓаа како домино. Дел од нив успеаа да се вратат на трката, дел не.
Само 15 велосипедисти го избегнаа инцидентот но од солидарност ги чекаа оние кои беа вклучени во масовното паѓање.
„Покренавме обвинение против жената која го предизвика ова. Ова мора да биде пример за сите навивачи да не се впуштаат во луди авантури и да го загрозуваат здравјето и безбедноста на учесниците на трката“, изјави директорот на ТдФ, Пјер-Ив Тулт.
Holy shit what a massive pile up at the Tour de France. Absolute carnage pic.twitter.com/OX4lUnplc0
— Jordie (@jordiebarstool) June 26, 2021