ЕУРО 2021: Белгија – Португалија, шлагот на осминафиналето

583

Двете репрезентации кои целат на европскиот трофеј ќе се соочат во осминафиналето на ЕУРО 2020. Белгијците се лидери на светската ранг листа, Португалците се европски шампиони. Само еден од нив ќе остане во игра за трофејот на ЕП.

Белгијците демонстрираа супер сила во групната фаза, ги победија Русија со 3:0, па Данска со 2:1 и Финска со 2:0. Португалците имаа силна група меѓутоа поминаа како третопласирани благодарение на победата над Унгарија во првото коло. Да потсетиме дека беа совладани од Германија со 4:2 и одиграа 2:2 со Франција.

Од едната страна ги имаме Ромелу Лукаку и Кевин де Брујн, на другата Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш. Ќе биде многу, многу интересно.

Што се однесува до меѓусебните дуели, нивната пријателска пресметка во јуни 2018 година заврши без погодоци, а пред тоа Португалците впишаа три победи против „Црвените ѓаволи“. Всушност, ова е прв меѓусебен дуел на едно големо натпреварување (ЕП или СП).

Мечот се игра на „Ла Картуха“ во Севиља со почеток од 21:00 часот. Победникот ќе оди на Италија во четвртфиналето.

Белгија ќе нема помош од Кастањ и Шадли поради повреди, а кај Португалците неизвесен е само Мендеш кој се пожали на повреда на бутниот мускул.

ОСМИНАФИНАЛЕ
БЕЛГИЈА – ПОРТУГАЛИЈА            21:00 ч.
Стадион: „Ла Картуха“ во Севиља.

МОЖНИ СОСТАВИ
БЕЛГИЈА: Куртоа – Алдервејрелд, Вермален, Вертонген – Муние, Де Брујн, Витцел, Т.Азар – Караско, Лукаку, Е.Азар

ПОРТУГАЛИЈА: Руи Патрисио – Семедо, Рубен Диас, Пепе, Гереиро – Палиња, Ренато Санчез, Мутињо – Бернардо Силва, Роналдо, Диого Жота

ПретходноЉавдрим Фазлиу ново име меѓу “лавовите“!
Следно„Хајдуковецот“ Леонид Игњатов пред потпис со А. Пандев!