ЕУРО 2021: Холандија на силен тест против Чешка

206

ФОТО: УЕФА
Холандија со три победи успеа да ја помине групната фаза. „Лалињата“ не делуваа толку сигурно, беа ранливи во дефанзивниот ред, но ете ги добија Украина, Австрија и Македонија за пласман во осминафиналето. А таму имаат незгоден противник, репрезентацијата на Чешка која беше меѓу најдобрите третопласирани селекции.

Чесите остварија една победа, едно реми и еден пораз во групната фаза. Добро ги испотија Англичаните кои победија само со 1:0.

Да кажеме и дека Чесите ги добија двата претходни дуели со Холанѓаните (3:2 во гости и 2:1 дома) но тие мечеви беа во 2015 и 2014 година. Севкупно, Чесите имаат пет победи во 11 соочувања со Холанѓаните.

Холанѓаните може да бидат без Лук де Јонг кој има повреда на коленото, додека Чесите беа Борил поради жолти картони, а неизвесен за настап е капитенот Владимир Дарида.

Овој меч се игра на „Пушкаш“ арената во Будимпешта, а победникот ќе вкрсти со Данска.

ДЕНЕСКА НА ЕУРО 2020
ХОЛАНДИЈА – ЧЕШКА   18:00 ч.
Стадион: „Пушкаш арена“ во Будимпешта.

МОЖНИ СОСТАВИ:
ХОЛАНДИЈА: Стекеленбург – Де Фрај, Блинд, Де Лихт – Думфрис, Ф.Де Јонг, Де Рон, Ван Анхолт – Вајналдум – Депај, Вегхорст

ЧЕШКА: Вацлик – Цуфал, Челустка, Калас, Матеју – Холеш, Соучек – Масопуст, Дарида (Барак), Јантко – Шик

 

ПретходноФода: Разочарувањето е големо, сега одиме по пласман на СП 2022
СледноOбвинение за жената која предизвика масовен пад на првиот ден на Тур де Франс (видео)