Игор Стефановски – Иџе се пласира на шестото место на првата од двете денешни трки на “Валелунга“, кои се возат во рамките на ТЦР – шампионатот на Италија.
Македонскиот возач со своето “Хјундаи“ стартуваше како десетти, но со добро возење сепак се најде на крајот меѓу најдобрите шестмина возачи на оваа трка со што освои и бодови.
Втората трка на “Валелунга“ ќе стартува во 15 часот.