Руни го советува Саутгејт: Против Германија нападни со Рашфорд!

245

Според легендата на англискиот фудбал, Вејн Руни, селекторот на Англија мора да направи промени за претстојниот натпревар со Германија во осминафиналето на ЕП. Голгетерот смета дека Маркус Рашфорд треба да биде стартер, а Грилиши Фил Фоден да останат на клупата.

„После пофалбите за Џек Грилиш, не би го пуштил да биде стартер против Германија. Моето мислење за него не е променето. Моето мислење е поврзано со тоа како игра Германија. Различните ривали бараат поинаков пристап, а натпреварот во вторник е добредојден за Маркус Рашфорд, но не и за Џек“, вели Руни во својата колумна за „Тајмс“.

„Германија игра со тројца во одбраната и се обидува да ве задави. Тие играат со топки од едната на друга страна, барајќи празни места. Кога ја освојувате топката, тие сакаат да им ја додавате во нозе, бидејќи со својата линија можат длабоко да ве притиснат. Би сметал на брзи играчи од двете страни, плус Хари Кејн. Моите упатства би биле да го нападнеме просторот зад двата играчи од средниот ред кога ќе се движат напред“, додаде тој.

ПретходноСтоле по пауза од пет години се враќа во Гранада?
СледноВерстапен несопирлив, Хамилтон втор на “Ред Бул Ринг“!