„Сонцата“ на чекор до првото финале после 1993 година (видео)

293

Кошаркарите на Феникс се најдоа на чекор до големото финале на НБА лигата. Тие обезбедија важен триумф против Клиперс во Лос Анџелес (84:80) и сега водат со 3:1 во серијата и се многу блиску до своето прво финале после 1993 година и славната генерација предводена од Чарлс Баркли.

Вечерта ја одбележаа голем број на промашувања за што зборува и резултатот, а најдобар во победничкиот тим беше Деандре Ејтон со 19 поени и 22 скока, а најмногу поени постигна Девин Букер (25), додека Крис Пол дуелот го заврши со 18 поени.

На спротивната страна Пол Џорџ уфрли 23 поени, Џексон додаде 20, додека Зубац повторно оствари дабл-дабл (13 поени и 14 скокови). Клиперс ја немаа помошта од првата „виолина“ Кавај Ленард.

Финалната серија се враќа во Аризона, а петтиот меч се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник.

ПретходноШок за Хрватите: Перишиќ е позитивен на Ковид-19
СледноИталијанците урнаа светски рекорд стар 47 години