Фода: Разочарувањето е големо, сега одиме по пласман на СП 2022

217

Австрија беше блиску, но не успеа да ја помине Италија и да се пласира во четвртфиналето на ЕУРО. Селекторот Франко Фода ги пофали своите момци и ја објави следната цел.

Нормално е да сме разочарани. Меѓутоа цела Австрија треба да се гордее со оваа екипа. На почетокот на мечот правевме висок персинг, но Италијанците умешно се бранеа. Водете колку зрело игравме во сите 120 минути. Сега треба да се спремиме за мечевите во септември. Екипата напредува, покажа цврстина и умешност и сега целта ни е да се пласираме на Светското првенство во Катар“, кажа австрискиот селектор.

ПретходноМанчини: Во четвртфиналето ќе ни биде полесно
СледноЕУРО 2021: Холандија на силен тест против Чешка