Патрик Шик, фудбалерот на Чешка, даде интересна изјава по натпреварот со Холандија, околу 1/4 финалето со Данска.
Тој коментираше за тоа што ќе се игра во далечниот Баку.
„Многу патувавме, и тука селекциите не се исти. Сега треба да одиме во Баку. Не знам која глава го измисли ова, овие патувања?“, рече Шик.