Еквадор успеа да извлече 1:1 против Бразил во Гоиас во натпреварот од последното коло во групата „Б“ на Копа Америка 2021. Со тоа Еквадорците ја прекинаа низата на противникот од десет последователни победи.
Натпреварот не беше значаен за домаќините, бидејќи „кариоките“ веќе го обезбедија првото место и пласманот во четвртфиналето, а главниот тренер Тите им даде пауза на повеќето стартери, вклучително и на Нејмар.
Едер Милитао го донесе Бразил во водство со гол со глава во 37-та минута, но резервистот Анхел Мења изедначи на осум минути по паузата.
Бразил заврши на врвот на групата со 10 бода, а Еквадор како четврти со само 4 бода. Перу останува втор со 7 бода по победата од 1-0 над Венецуела.